Фото: EPA/JUSTIN LANE

Познати се сите осминафинални двојки на Мундијалот

Првата нокаут фаза на Светското фудбалско првенство е завршена и ги имаме сите учесници во осминафиналето.

Јужноамериканските репрезентации Аргентина и Колумбија ги обезбедија последните две места меѓу 16-те најдобри тимови на Мундијалот.

Аргентина за противник ќе го има Египет, додека селекцијата на Колумбија во следната фаза ќе се соочи со Швајцарија – Колумбија, и овие мечеви се закажани за во вторник.

Осминафиналето започнува денеска во идеални термини за македонските љубители на фудбалот, од 19.00 и 23.00 часот.

Во осминафиналето како најинтересни се издвојуваат дуелите меѓу Бразил и Норвешка, Мексико и Англија, како и големото дерби меѓу Португалија и Шпанија.

Светско првенство 2026, осминафинале:

4 јули
19.00 часот Канада – Мароко (Хјустон)
23.00 часот Парагвај – Франција (Филаделфија)

5 јули
22.00 часот Бразил – Норвешка (Њујорк)

6 јули
02.00 часот Мексико – Англија (Мексико Сити)
21.00 часот Португалија – Шпанија (Далас)

7 јули
02.00 часот САД – Белгија (Сиетл)
18.00 Аргентина – Египет (Атланта)
22.00 Швајцарија – Колумбија (Ванкувер)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот