Амар Мециновиќ - левица / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

СДСМ ќе игра и со ѓаволот и со Мицкоски за да остане истиот Изборен законик, вели Мециновиќ

Пратеникот вели дека партиите на олигархијата се во заговор против Левица

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист.

„Триесет години партиите ви ветуваат една изборна единица. Нема ништо од тоа. Не се нагласува, не се наговестува. Од оваа констелација на парламентарниот состав моментно при воведување на една изборна единица, сите партии имаат да изгубат, освен Левица. Сите партии го компромитираат процесот за носење на една изборна единица“, рече Мециновиќ.

Според него, и сега електронското гласање на дијаспората е заговор кој ВМРО-ДПМНЕ му го дала на СДСМ за да го оправда нивното блокирање.

„Ни една држава, ни една демократија, не може на еден политички субјект два пати по ред да не му дозволи да настапува нормално на изборите. И со тековниот Изборен законик кој ниту ве претставува вас како што треба, затоа што ја нема едната изборна единица, ниту кој овозможува фер избори, затоа што на Левица ќе се даде хендикеп, со овој Изборен законик кој ќе одиме, тој Изборен законик ќе им одговара и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ“, истакна пратеникот на Левица.

Партијата во криза, СДСМ, ќе направи сè, ќе игра со ѓаволот, ќе игра со Мицкоски, за да остане истиот Изборен законик под опасноста од целосен крах на следните избори, тврди Мециновиќ.

„Имаме порака до нашите политички противници. Ние сме спремни под било кои услови да учествуваме на изборите и да ви зададеме удар каков не очекувате. Левица е спремна да го мобилизира целото граѓанство и сите работници во Република Македонија, да се зададе удар на оваа ламија која триесет години владее со нас. Сега е време ние да се договориме, затоа што партиите на олигархијата веќе си имаат договорено“, порача Мециновиќ.

Изборниот законик пред нова пречка – Левица најави блокада

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот