Фото: EPA/AMY KONTRAS

Меси со седум голови моментно е прв стрелец на Светското првенство

Заврши првата рунда од нокаут фазата на Светското фудбалско првенство, сега сите погледи ќе бидат насочени кон натпреварите од осминафиналната фаза.

Покрај трката за светската титула, ќе биде и интересно кој ќе го доби признанието и за најдобар стрелец на Мундијалот.

Моментно на врвот е Лионел Меси кој за Аргентина досега постигна седум голови, на второто место е Килијан Мбапе со шест голови за француската репрезентација. По пет погодоци имаат Хари Кејн (Англија) и Ерлинг Халанд (Норвешка).

Следуваат Винисиус Жуниор (Бразил), Усман Дембеле (Франција), Исмаила Сар (Сенегал) кој го заврши настапот, и Микел Ојарзабал (Шпанија) со по четири голови.

Франција во осминафиналето ќе игра против Парагвај, а најголемо внимание би требало да привлече дуелот во Арлингтон меѓу Португалија и Шпанија.

Доста интересно се очекува да биде и натпреварите Бразил – Норвешка, Мексико – Англија и Аргентина – Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот