Фото: EPA/ERIK S. LESSER

НБА: Андре Драмонд е нов кошаркар на Њујорк никс

Андре Драмонд е нов центар на НБА кошаркарскиот клуб Њујорк никс. Поради проблеми со буџетот и даноците, Њујорк никс го загубија својот центар Мичел Робинсон само еден месец откако ја освоија шампионската титула.

Раководството на тимот од Њујорк реагираше брзо и се согласи на доаѓањето на замената на Робинсон, а тоа ќе биде искусниот Андре Драмонд кој потпиша едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари.

Да потсетиме, Робинсон потпиша тригодишен договор вреден 47,4 милиони со Бостон селтикс, што беше надвор од дофат на Њујорк никс и ова го потврди сопственикот Џејмс Долан.

Драмонд може да прави слични работи на теренот како Робинсон во однос на заштитата на рекетот и собирањето скокови, а Драмонд се смета за еден од подобрите скокачи во НБА.

Тој имаше најмногу офанзивни скокови во лигата седум пати по ред, а беше најдобар скокач четири пати по ред, вкупно.

Долго време играше за Детроит пистонс, го носеше и дресот на Лос Анџелес лејкерс, Бруклин нетс, Чикаго булс и Филаделфија севентисиксерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот