Фото: ТВ „Стар“ / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Пожарникарите и авионите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и од локалните жители, се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон селото Ратавица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгореа голема површина сува трева и грмушки.

ТВ „Стар“ од Штип објави снимка од местото направена попладнево.

Како што изјави Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани, екипите веќе три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница.

Според него, пожарот е делумно ставен под контрола, а во меѓувреме се прават противпожарни пресеци со градежна механизација со цел да се спречи неговото ширење кон Ратавица.

Во гаснењето помага и локалното население, додека според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на терен се ангажирани и три авиони „ер трактор“.

Од ЦУК соопштија дека активен пожар во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и и Лепопелци, како и Бучиште и Неокази, каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Претходно, во Штип беснееја два големи пожари, поради кои беа евакуирани работници од фабрика.

ЦУК: Активни седум пожари, два локализирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот