Ауди-Мерко-Струга
Фото: Општина Струга / Фејсбук

Луксузното „Ауди“ на Мерко отсега ќе се вози во Битола

Луксузниот службен автомобил „Ауди А6“ кој за Општина Струга пред седум години го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, денеска е продадено на јавна аукција за околу 22.000 евра, објави општината на социјалните мрежи.

„Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денеска беше продадено за 22.000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина. Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација. Овој пристап, насочен кон намалување на трошоците и на јавниот долг, ќе ни помогне во наредните години да создадеме услови за уште поголем развој на Општина Струга“, објави локалната самоуправа на Фејсбук.

Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред четири месеци го заплени „Аудито“. Со парите ќе се враќаат дел од општинските долгови. Според Општина Струга, на јавната аукција учествувале деветмина заинтересирани понудувачи од Струга, Охрид, Битола и од Скопје, а највисоката понуда за автомобилот ја дала фирма од Битола.

Менди Ќира го продава службеното „Ауди“ на Мерко, најави бркање неработници од општината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот