Јазaд во Иран, фото: Wikimedia / Ninara

Жена во Иран прошетала по долна облека, полицијата ја уапси за „нарушување на општествените норми“

Иранската полиција уапси жена која шетала по долна облека во градот Јазад. Жената била кратко задржана во полиција, а се товари за „нарушување на општествените норми“, пренесува ДПА.

Според Иранската новинска агенција (ИРНА), жената која има „тешка психичка болест“ е ослободена и е заедно со нејзиното семејство.

Точните околности во врска со апсењето на жената се нејасни.

Во ноември 2024 година студентка прошета по долна облека на Исламскиот универзитет Азад во Техеран во знак на протест поради строгите исламски правила за облекување на жените.

Портпаролот на Универзитетот Азад тогаш изјави дека жената страдала од „ментално растројство“ и била пренесена во „психијатриска болница“.

За почитувањето на исламските правила за облекување на Иранките задолжена е полицијата за морал.

Иранската полиција за морал во септември 2022 година ја приведе 22-годишната Махса Амини поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување, односно за неправилно носење на хиџабот при што и се гледала косата.

Амини, Иранка со курдско потекло почина три дена по приведувањето во болница.

Нејзината смрт предизвика повеќемесечни протести, кои се претворија во повици за бунт против ајатолахот Хамнеи и теократската влада. Протестите се одржуваа под мотото „Жена, живот, слобода“. Во задушувањето на протестите загинаа над 500 луѓе, а повеќе од 22.000 беа уапсени.

Иран погуби поранешен ММА-борач осуден дека шпионирал за Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот