Да му помогнеме на книжевниот центар „Антолог“ да го спаси сонот за книгата
По силното невреме што го зафати Скопје, книжевниот центар „Антолог“, кој веќе 27 години е препознатлив дом на пишаниот збор, претрпе катастрофални и речиси целосно неповратни штети. Поради поројните дождови и несоодветната канализациска инфраструктура, целосно се поплавени нивните магацински простории во населбата Кисела Вода.
Препорачано
Изгубени се десетици илјади книги, инвентар, техника, компјутери и возила. Материјалната штета се проценува на неколку стотици илјади евра, но емотивната загуба за тимот и за сите љубители на книгата е непроценлива.
Од „Антолог“ велат дека се чувствуваат поразени, но поддршката од јавноста која веднаш почна да пристигнува им дава надеж. Сега е моментот кога секој од нас може да придонесе за оваа приказна да не згасне.
View this post on Instagram
Еве како можете да помогнете во акцијата за спас на „Антолог“:
1. Помош при расчистување: На терен во магацинот сè уште има вода, кал и наноси, па секоја помош со физичка сила или со соодветна механизација за расчистување е добредојдена.
2. Купете книга од „Антолог“: Со секоја купена книга од нивните изданија достапни во книжарниците, им давате директна симболична поддршка и им помагате да почнат одново.
3. Онлајн нарачки: Иако поради моменталната состојба онлајн нарачките не можат веднаш да бидат доставени, со купувањето преку нивната веб-страница правите директна финансиска инјекција за заздравување на куќата.
4. Обезбедување магацински простор: Доколку сте во можност привремено и бесплатно да отстапите сув магацински простор, контактирајте го тимот на телефоните: 075 228 984 или 02 6169 150.
5. Директни донации: Можете да уплатите финансиски средства на нивните жиро-сметки (со цел на дознака: Донација):
– Комерцијална банка АД Скопје: 300000003674784
– НЛБ Тутунска банка АД Скопје: 210069242710158
Податоци за фирмата:
АНТОЛОГ – БООКС ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 29-лок.1
Единствен даночен број: 4080014541495
За меѓународни донации (девизна сметка):
IBAN: MK07300701003070696
S.W.I.F.Т. KOBSMK2X
Да не дозволиме едно невреме да го избрише тридеценискиот книжевен другар на илјадници читатели. Секоја помош, без разлика колку е мала, во моментов е од огромно значење.


