Фото: Промо

ВИДЕО | „Пуштете ја гласно, пејте и бидете свои“: Тамара Тодевска ја објави песната „Дива“

Нашата пејачка Тамара Тодевска ја објави „Дива“ – третата песна од нејзиниот нов визуелен албум „Кукла жива“.

Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила.

„Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ е рефренот кој ја носи главната порака на песната: да бидеш своја, без компромиси и без извинување за тоа што си.

Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, а продукцијата е на Емин Џијан. Спотот е во режија на Мартин Трајановски и е снимен во „ТАКАТ студиос“, како дел од визуелниот концепт на албумот „Кукла жива“, првиот визуелен албум создаден во Македонија.

Со „Дива“, Тамара продолжува да го открива музичкиот свет на „Кукла жива“ – албум составен од 10 песни и 10 визуелни приказни, кои постепено ја водат публиката кон концертната промоција на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“.

– „Сакав „Дива“ да биде песна што ќе ја пуштиш гласно, ќе ја пееш и ќе се чувствуваш слободно. Да те потсети дека можеш да бидеш своја – без страв, без срам, без вина, посочува Тамара во својата лична изјава.

„Дива“ е достапна на официјалниот јутјуб-канал на Тамара Тодевска, како и на сите музички платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот