ФОТО | „Вака да терате уште 100 години“: Нова семејна приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски
Симпатична семејна приказна сподели една од најомилените македонски актерски двојки, Тања Кочовска и нејзиниот сопруг Предраг Павловски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тие со новата слика на Фејсбук покажаа дека семејството им е секогаш на прво место. Познати по својата непосредност, и ведар дух, тие деновиве уживаат во заеднички патување надвор од земјава.
На социјалните мрежи Тања сподели прекрасна семејна фотографија, на која позираат со нивните две деца Александар (од првиот брак на актерката) и нивната заедничка ќерка Нела.
Меѓу првите кои коментираа на оваа убава фотографија е легендарниот актер Благој Чоревски – Чоре, кој под објавата напиша:
„Вака да терате уште 100 години. Поздрав од Чоревци.“
Неодамна, младата актерка Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски, рече дека е горда на татко ѝ затоа што никогаш не правел разлика помеѓу неа и нејзиниот брат Александар Ендровски, иако Предраг не му е биолошки татко.
Младата и талентирана актерка ја отвори душата и сосема искрено зборуваше за своето семејство во емисијата „Нешто конкретно“. Александар е син на Тања од првиот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац, кој почина на 20 август 2023 година.
На Тања сум горда затоа што кај неа ништо не е невозможно. Сè може, сè… Едноставно мислам дека таа жена навистина сè може да направи. А татко ми – најгорда на татко ми сум што никогаш во животот, никогаш нема направено разлика меѓу мене и брат ми, иако брат ми не е негов син. А заедно се од кога брат ми имал шест години. Никогаш не направил разлика. Напротив, тие се екипа“, рече актерката и додаде дека како помала била малку љубоморна на таа нивна поврзаност.
Во истата емисија, актерката, која е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, рече дека кога требало да се запише на факултет, родителите не ѝ дозволиле да студира глума, па потоа сфатиле дека тоа е нејзина голема желба.


