„Лежалките се тресеа, беше страшно“: силен земјотрес вознемири туристи во Грција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција, објави ЕРТ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Потресот се случил околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри.
Според податоците, земјотресот бил регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Ираклион на островот Крит.
Засега нема информации за материјална штета или за повредени лица.
На интернет-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар се појавија сведоштва од луѓе кои го почувствувале потресот.
„Лежалките се тресеа додека бевме на нив“, „Земјата силно се тресеше“, „Седев на работ од креветот кога одеднаш почувствував како некој нежно да го заниша креветот под мене. Погледнав низ вратата од балконот и видов дека се движам во однос на соседниот хотел. Тоа траеше од пет до седум секунди“, стои во дел од коментарите.
Се наведува дека земјотресот бил почувствуван и на Родос.
Семејна трагедија во Грција: татко и син загинаа во шумски пожар, мајката заврши во болница


