„Да ги полниш батериите? Што си ти, мобилен телефон?“ – Брнабиќ откри што ѝ рекол Вучиќ кога му кажала дека оди на море
Ана Брнабиќ, претседателката на Собранието на Србија, откри како претседателот Александар Вучиќ реагира кога ќе му каже дека оди на годишен одмор, пренесе Блиц.
Препорачано
Брнабиќ на шега рече дека заминувањето на одмор ѝ е „најтешкиот дел од политичките активности“.
Како што вели, Вучиќ 10 дена годишен одмор ги смета како да се 27 дена.
Брнабиќ се обиде да го имитира Вучиќ во подкастот на Бранко Бабиќ, бизнисмен и симпатизер на СНС.
„Ги полниш батериите? Па што си ти? Мобилен телефон? А кога мислеше да одиш? Хм. И колку остануваш?“, ги цитираше Брнабиќ зборовите на Вучиќ.
„Велам: ‘Па останувам 10 дена.’ ‘10 дена. Нема врска. Оди, оди. Нема врска.’ Штом ќе слетам, му се јавувам, а тој вели: ‘Поминаа тие 27 дена?’ Така што, тоа е најтешкиот дел од моите политички активности“, рече низ смеа Ана Брнабиќ.
Откри и дека во првиот разговор му рекла дека е геј
Ана Брнабиќ раскажа дека, пред да го прифати повикот да биде дел од Владата на Србија во 2016 година, сакала да биде целосно отворена кон Вучиќ и да му соопшти нешто што го сметала за потенцијален политички проблем.
„Кога Александар Вучиќ ме повика да влезам во Владата како министерка, јас сосема отворено и искрено му реков: ‘Па, многу ви благодарам за повикот. За мене тоа е голема чест, особено што доаѓа од Вас. Сакам, не е проблем, но треба да знаете две важни работи за кои мислам дека ќе Ви направат дополнително голем проблем. Првиот проблем е што сум геј’“.
Според нејзините зборови, одговорот што го добила бил краток и недвосмислен.
„Ма, за тоа баш ми е гајле. Мене ми е важно ти да работиш како што треба, да си вредна и да имаш добри идеи и да се бориме“, ги прераскажа Брнабиќ зборовите што тогаш ѝ ги упатил Александар Вучиќ.
Брнабиќ вели дека потоа уште еднаш предупредила дека нејзината сексуална ориентација би можела да предизвика реакции кај дел од јавноста, но дека Вучиќ останал на својот став.
„Јас велам: ‘Тоа е во ред, но мислам дека ќе биде проблем. Ако сте Вие подготвени со тој проблем да се носите, да се соочувате, во ред. Само тие работи да не се кријат.’ Тој рече: ‘Никаков проблем’“, прераскажа Брнабиќ за време на гостувањето во подкастот.
Ако поднесе оставка како што со денови најавува, Вучиќ ќе го менува Ана Брнабиќ


