Насилничките што го тепаа девојчето од Аеродром, заедно со момчињата-навивачи моментално се викаат на распит во станица

Полицијата моментално ги повикува во станица на распит сите осомничени во врска со настанот каде девојче во Аеродром беше брутално тепано со шлаканици, кубено за коса, понижувано и натерано да клекне на колена и да ѝ се извини на врсничка, дознава „Слободен печат“ од извори во МВР. Се повикуваат и десетината момчиња што навиваат на видеото и снимаат со мобилни телефони.

СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител, велат од МВР за „Слободен печат“.

Како што објавивме, девојче од седмо одделение во скопската населба Аеродром завчера вечерта е тепано со шлаканици, кубено за коса, навредувано, понижувано и натерано да клекне на колена и да ѝ се извини на врсничка, додека целиот грозен чин го снимаат десетина машки малолетници со мобилни телефони и навиваат.

Две посебни видеа од овој вознемирувачки чин на меѓуврсничко насилство и булинг, со бројни елементи на кривично дело пристигнаа во „Слободен печат“ утринава и на нив се гледаат лицата на сите инволвирани.

Читателите што ни ги испратија видеата ни кажаа дека синоќана 30 јуни, околу 23 часот, во полициска станица Лисиче отишле со видеоматеријалите кои почнале да се шират на мобилните телефони меѓу врсниците, за да го пријават тепањето. Но, полициските службеници на смена ноншалантно им кажале дека „тие не се сведоци на настанот“ и „девојчето треба самото да пријави“.

Но, начинот на кој постапува полицијата се промени, откако видеото стана вирално и откако го објавија повеќе медиуми.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од брутално насилство врз девојче во Аеродром: ја влечат за коса, ја тепаат — десетици деца навиваат и снимаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот