ВИДЕО | Страшен пожар во десеткатница во Белгија, има загинати — станари бегаат преку тераси и прозорци
Белгиските пожарникари се борат со пожар во зграда во градот Антверпен, во кој загинаа неколкумина, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Локалната противпожарна служба добила повик во 9:53 часот по локално време, односно во 7:53 по Гринич, за „разгорен пожар“ на осмиот кат од десеткатна станбена зграда во населбата Линкерувер во Антверпен, во северна Белгија, соопшти полицијата.
Зградата, во која живееле повеќе од 200 луѓе, е евакуирана, а полицијата додаде дека има и неколку повредени.
— Во овој момент не можеме да дадеме бројки бидејќи приоритетите сега се на друго место. Пред сè, во моментов бараме жртви — изјави портпаролката на локалната полиција Ким Бастијанс пред новинарите.
JUST IN: Multiple people dead, several others seriously injured after an apartment building fire in Antwerp, Belgium. pic.twitter.com/xBSQ5kTbdO
— Scope Report (@ScopeReport_) July 1, 2026
На снимки, објавени на социјалните мрежи, се гледа како станари се обидуваат да се спасат од пожарот со тоа што бегаат преку прозорци и тераси.
На терен се неколку противпожарни екипи од различни окрузи, како и амбулантни возила и други служби за итна помош.
Полицијата соопшти дека ги замолила локалните жители погодени од чадот да ги затворат прозорците и вратите и, доколку е потребно, да ја исклучат вентилацијата.
— Прво снема струја, а три минути подоцна се вклучи противпожарниот аларм. Дотогаш веќе имаше чад во ходниците. Се обидовме сами да слеземе, но веќе не можевме. Се забарикадиравме во станот и чекавме на терасата. Околу десет минути подоцна, пожарникарите дојдоа да нè спасат од терасата со пожарникарска скала — изјави станар кој живее на десеттиот кат.
Линкерувер е станбена населба надвор од центарот на градот, на левиот брег на реката Шелда.
Во изминатите недели Белгија беше погодена од серија тешки пожари, меѓу кои и пожар во магацин во Брисел.
ВИДЕО | Се урна петкатница во Атина, спасувачите трагаат по преживеани


