Нетанјаху е неспособен да ја води владата, го контролираат крајни десничари што даваат глупави изјави, вели поранешниот израелски премиер Бенет
Поранешниот израелски премиер, Нафтали Бенет, вчера изјави дека Бенјамин Нетанјаху е „неспособен да управува со сопствената влада“, бидејќи „го контролираат“ крајно десничарски министри, пренесува „Анадолија“.
Препорачано
„Тој е неспособен да ја води сопствената влада, затоа што Бен-Гвир, Смотрич и харедите го контролираат. Јас во мојата влада не би толерирал луѓе што даваат навистина глупави изјави како оние што ги даваат Бен-Гвир и Смотрич. Воопшто не би дозволил Бен-Гвир да биде дел од мојата влада. А ако некој во мојата влада кажеше нешто такво, би го ставил во ред. Нетанјаху повеќе не може да го прави тоа затоа што зависи од нив“, изјави Бенет.
Бенет призна дека меѓународната позиција на Израел значително се влошила, но оцени дека причината не се пристрасни медиуми или надворешна пропаганда, туку однесувањето на владата — министри кои, според него, нанесуваат „континуирани самонаметнати штети“ на имиџот на земјата, додека државата воопшто не води јавна дипломатија.
Поранешниот премиер оцени дека продолжените израелски војни во Појасот Газа, во Либан и на иранскиот фронт се спротивни на воената доктрина на Израел и ја исцрпуваат државата.
„Ако веќе мора да водиме војна, таа треба да биде брза, интензивна, да се победи и потоа да се премине кон стабилизирање на регионот. Кога ја развлекувате толку долго, тоа ја исцрпува нашата економија и резервистите“, додаде тој.
Двајцата поранешни израелски премиери Бенет и Липит здружено против Нетанјаху


