ФОТО | Сè уште изгледа импресивно – Шерон Стоун се врати на модната писта по цели 33 години
Холивудската актерка Шерон Стоун повторно се најде на модната писта, повеќе од три децении по нејзиниот последен манекенски ангажман.
Препорачано
Шеесет и осумгодишната актерка беше дел од ревијата на модната куќа „Ветман“ за машката колекција пролет/лето 2027, претставена во рамките на Модната недела во Париз.
Стоун на пистата се појави во предимензионирано бело сако, црна кошула со јака, бела вратоврска и високи црни чизми од латекс со потпетици. Нејзината руса коса беше стилизирана во права боб-фризура.

Последен пат Шерон Стоун дефилираше на модна ревија во 1993 година, кога ја затвори ревијата на „Валентино“ за колекцијата пролет/лето 1994 на Модната недела во Париз. Тогаш носеше бел мини-фустан, чипкани хулахопки и впечатлива чипкана шапка со долг вел.

Неодамна актерката се појави и во третата, последна сезона на серијата „Еуфорија“ (Euphoria), за која има само пофални зборови.
Во разговор за „Варајети“ изјави дека серијата треба да биде задолжителна за гледање и за средношколците и за нивните родители.
„Мислам дека тоа е најдобрата серија на телевизија. Ги запознавме овие деца, ги видовме како стануваат млади луѓе и како некои од нив тргнуваат по погрешен пат. И јас поминав низ нешто слично во моето семејство“, рече Стоун.
Таа додаде дека како мајка на три сина смета дека „Еуфорија“ многу реално ги прикажува предизвиците со кои се соочуваат младите денес.
ВИДЕО | Ја тепал со каиш и ја буткал по скали — Шерон Стоун за односот со татко ѝ


