Најуспешните парови прават една важна работа на почетокот на нивната врска, според психолог од „Харвард“
Многу луѓе во љубовните врски се придржуваат до непишани правила, како што е чекањето нивниот партнер прв да отвори сериозни теми или верувањето дека постои „вистинско време“ за одредени разговори.
Препорачано
Сепак, психологот од „Харвард“, д-р Сабрина Романоф, верува дека овој пристап честопати не води кон стабилни врски.
Во своето десетгодишно искуство, најуспешните парови не чекаат специфични пресвртници за да разговараат за важни теми.
– Наместо да чекаат произволни пресвртници, тие водат важни разговори кога чувствуваат дека е вистинско време – рекла Романоф за Си-ен-би-си, додавајќи дека се обидуваат да ги усогласат своите основни вредности од самиот почеток.
Таа верува дека паровите рано разговараат за тоа дали сакаат сериозна врска, но и за теми како што се децата, каде живеат, финансиите и личните верувања.
– Важно е да бидете јасни и отворени за тоа што сакате во иднина – нагласила таа, објаснувајќи дека ваквите разговори им помагаат на партнерите на време да видат дали делат исти животни цели.
Романоф, исто така, вели дека успешните парови отворено споделуваат искуства од претходните врски.
– Целта е да се споделат клучни информации за подобро да разберете како другата личност реагира на стрес и кои се нејзините точки на болка – забележала таа, нагласувајќи дека целта не е да се спомене минатото или да се предизвика љубомора.
Подеднакво важна, верува таа, е и секојдневната емоционална врска изградена преку мали навики и отворена комуникација.
– Емоционалните врски не се појавуваат магично; тие се градат преку мали нешта – рекла Романов.
Таа заклучува дека токму овие секојдневни гестови создаваат солидна основа за решавање на идните несогласувања.


