Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Правилото број 1 во кое се колне — за да изгледа одлично и на 57 години, Џенифер Лопез избегнува неколку работи

Нејзината долгогодишна тренерка ја опишува како „многу урамнотежна личност“, а самата Џенифер Лопез пред неколку години призна дека телото што го изградила во педесеттите години од животот било далеку подобро од она што го имала во дваесеттите години.

– Се прифаќам себеси каква што сум. Се чувствувам сексапилно, се чувствувам младолико, понекогаш се чувствувам и убаво – рекла тогаш латино дивата.

Оваа 56-годишна ѕвезда не се потпира само на генетиката – вложува многу труд и се придржува до речиси беспрекорна исхрана, пишува „Фуд бајбл“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Освен што секоја вечер спие најмалку осум часа, вежба најмалку три дена во неделата и ретко ја менува својата утринска рутина. Во една прилика признала дека не сака да вежба подоцна во денот бидејќи ѝ е потешко да се покрене откако денот веќе ѝ започнал. Нејзините тренинзи траат околу еден час и се поделени на 30 минути кардио вежби и 30 минути вежби за сила, кои ги започнува со нозете, продолжува со грбот и рамената, а завршуваат со вежби за торзото.

Клучните правила на нејзината исхрана

Во интервју за магазинот „Пипл“, Џеј Ло открила дека главното правило што го следи е да не се лишува од ништо.

– Со текот на годините научив колку е важно да се одржува поздрава исхрана. Сè уште јадам некои намирници што ги сакам, но умерено. Не се откажувам од ништо – рекла пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џеј Ло наводно избира само органска храна како лиснат зелен зеленчук и спанаќ. Протеините ги добива од белките од јајца, белото мисиркино месо, пилешките гради и говедското хрането со трева. Кога јаде надвор со пријателите и семејството, обично избира салата или зеленчук со риба како бакалар.

– Таа се храни многу „чисто“ бидејќи ѝ треба навистина добро гориво за сè што прави. Сè е органско и многу добро осмислено, со рамнотежа на висококвалитетни протеини и многу хранливи намирници. Сè е свежо – напишала нејзината тренерка Трејси Андерсон на својата веб-страница во 2018 година.

Другите правила вклучуваат сложени јаглехидрати во оброците, избегнување чоколадо во корист на поздрави опции и пиење најмалку седум чаши вода дневно.

 

Што избегнува Џеј Ло?

Иако тврди дека не се лишува од ништо, постојат две работи што Лопез генерално не ги внесува во своето тело, а една од нив на многумина им е дел од секојдневието.

– Не пијам, не пушам и не консумирам кофеин. Тоа навистина ја уништува кожата како што стареете –  изјавила своевремено за ЈуЕс викли“.

Меѓутоа, познато е дека наутро пие кафе без кофеин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Кофеинот е состојка што го дехидрира телото, а во прекумерни количини може да предизвика црвенило на кожата, воспаленија, безживотен тен и сувост. Прекумерното консумирање може да доведе и до тоа подрачјето околу очите да изгледа пропаднато, а некои студии сугерираат дека може да ги влоши и акните. А иако претходно строго избегнувала алкохол, Лопез во 2023 година открила дека повремено пие некој коктел.

Пример за менито на Џенифер Лопез

Се вели дека денот започнува со кафе без кофеин со нискокалоричен шејк или смути богато со протеини. Во интервјуто за „Пипл“, Џенифер открила дека нејзиното смути содржи јагоди, малини, боровинки, грчки јогурт, цимет, мед, коцки мраз, лажица протеин во прав и малку свежо исцеден сок од лимон.

За ручек најчесто јаде салата полна со зеленчук како брокула, тиквички, сечкан кељ, семки од тиква и кромид. Вечерата се состои од безмасен извор на протеини со киноа.

– Ме потсетува на оризот и гравот со кои пораснав. А сакам свинско и пилешко месо, особено подготвени на порторикански начин – објаснила ѕвездата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

ВИДЕО | Џенифер Лопез повторно провоцира во смелa моднa комбинациja – танцуваше во тесен проѕирен комбинезон

По 8 јавни врски, 6 веридби, 4 бракови и безброј авантури, Џенифер Лопез призна: „Никој никогаш не ме сакал“

ФОТО | Џенифер Лопез се пофали со извајаните стомачни мускули во бело минијатурно бикини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот