фото: скриншот/видео Сан

Таваните ги заробиле — се урна училиште во Пакистан, усмрти најмалку 14 деца

Најмалку 14 деца загинаа денеска пткако се урна покривот на училишна зграда во Лахор, источен Пакистан, соопштија властите и службите за итни случаи, пренесоа светските медиуми.

Уште пет деца се повредени во трагедијата што се случи во округот Кана Науу, на југот од вториот по големина град во Пакистан, соопшти портпаролот на брзата помош на Фондацијата Еди.

Бројот на загинати го потврди за локалните медиуми министерот за здравство на покраината каде што се наоѓа Лахор.

Двајца се приведени, а меѓу нив се сопственикот на зградата и изведувачот кој неодамна извршил градежни работи на имотот.

Работници работеле на дел од зградата во времето на уривањето.

Портпаролот на спасувачката операција изјави:

„Децата се многу млади по возраст, а во употреба биле две соби. Таваните се урнаа и ги заробија децата.“

Уривањето згради е постојан проблем во Пакистан, каде што градежните прописи честопати се слабо спроведуваат.

Многу структури се градат со употреба на материјали со слаб квалитет, додека безбедносните стандарди честопати се занемаруваат во обид да се намалат трошоците.

ВИДЕО | Се урна петкатница во Атина, спасувачите трагаат по преживеани

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот