Стоилковиќ пред заминување порача: Програмата К-5 е укината, нема веќе седи дома и земај плата

Наместо прес конференција пред веќе извесното заминување од МОЗ нека остане забележано дека од “сива зона” на системот денеска Министерство со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник

Вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ преку Фејсбук, пред како што вели неговото извесно заминување од функцијата, се пофали дека го средил министерството и дека тоа повеќе не е „сива зоона“ на системот.

Тој потенцира дека ја укинал Програмата К-5, односно дека во време на неговото министерување нема веќе „седи дома и земај плата“ и дека за трипати го намалил буџетот на министерството.

„Наместо прес конференција пред веќе извесното заминување од МОЗ нека остане забележано дека од “сива зона” на системот денеска Министерство со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник. Од многуте работи би сакал да потенцирам две:

Певата, која се однесува на целосно кратење на ненаменските трошења на буџетски средства. На пример. Буџетот на МОЗ во 2021 година изнесувал 577.780.000 денари, во 2026 година Буџетот на МОЗ изнесува 173.500.000 денари, односно во споредба со 2021 година е намален за три пати повеќе“, пишува Столиковиќ.

Тој објаснува дека оглед на смалувањата реализирани се сите програми и воведена е нова програма. Дека ги скратил средства кои претходно биле користени за т.н. „коруптивни” цели и дека повеќе нема трошење пари на граѓаните за фиктивни јавни набавки, на пример, за угостителски услуги, за консултантски услуги, сомнителни договори за дело, исплата на додатоци за плата и на К-15 на лица кои не одат на работа.

Тој додава дека целосно е затворена Програмата К-5.

„До доаѓање на оваа Влада поранешниот министер злоупотребувајќи ги недоследностите во законската регулатива и т.н. балансер, функционирале по принципот „седи дома и земај плата”, на пример во 2021 година станува збор за повеќе од 1500 лица кои земале пари од граѓаните и не оделе на работа. Со Буџетот од 2026 година процесот на прераспределба на административните службеници е целосно завршен, а Програмата К-5 е укината. Така да во овој момент завршено е со пристапот „седи дома, земај плата” и рационализиран е бројот на вработените во МОЗ“, вели Стоилковиќ.

Според него, со новиот закон за соодветна и правична застапеност којшто е во собраниска процедура, ќе се обезбеди почитувањето на принципот на правична застапеност како основа за инклузивност и еднакви можности во јавниот сектор и гарантирање на стручност, компетентност и квалитет при вработувањето. Ова е од клучно значење за градењето на професионална јавна администрација која треба да биде двигател на општествениот развој и поддржувач на реформските процеси во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот