Фото: apf.org.py

Густаво Алфаро: Ги победивме Аргентина и Бразил, зошто да не и Германија?

Денеска од 22.30 часот на стадионот во Бостон, САД, ќе се игра натпреварот од 1/16 финалето на Светското првенство меѓу фудбалските репрезентации на Германија и Парагвај.

Германците, кои ќе ја имаат фаворитската улога на овој меч, во групата Е го освоија првото место со победите над Курасао (7:1) и Брегот на Слоновата коска (2:1), а во третото коло загубија од Еквадор со 2:1.

Парагвајците завршија како третопласирани во групата Д, на стартот убедливо беа поразени од Американците со 4:1, па минимално славеа со 1:0 против Турција, а во третиот меч ремизираа без голови со Австралија.

Селекторот на Парагвај, Густаво Алфаро е свесен дека пред себе има тешка задача, но вели дека неговите играчи се инспирирани од победите над Аргентина (актуелен светски шампион) и Бразил во јужноамериканските квалификации.

– Игравме против Аргентина, игравме против Бразил, тимови со ист или можеби дури и поголем статус од Германија. Сите тие се кандидати да бидат светски шампиони. Се соочивме со нив и беше тешко за нас, но успеавме – им рече Алфаро на новинарите во неделата, пренесува „Ројтерс“.

Парагвај се врати на Светското првенство за прв пат од 2010 година кога беше тесно поразен со 1:0 во четвртфиналето од Шпанија.

Против Германија, Парагвајцте ќе бидат без играчот од средниот ред Диего Гомез, кој е суспендиран откако доби два жолти картони во групната фаза. Мигел Алмирон, уште еден од покреативните играчи на тимот, ќе се врати откако отслужи суспензија од еден натпревар по црвениот картон за покривање на устата во конфронтација за време на победата над Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот