Избран идеалниот тим во групната фаза на Светското првенство
Со завршувањето на групната фаза на Светското првенство, бројот на репрезентации се намали од 48 на 32, а шпанскиот спортски весник „Ел Мундо Депортиво“ го состави идеалниот тим од досегашниот тек на Мундијалот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во изборот се најдоа голем број очекувани имиња, а предводник на тимот е Лионел Меси, кој со шест погодоци е најдобар стрелец по првите три кола.
Меѓу стативите е голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој е едно од најпријатните изненадувања на шампионатот. Најголемо изненадување во изборот е изоставувањето на Килијан Мбапе, иако францускиот напаѓач постигна четири гола во групната фаза.
Покрај Меси, напаѓачката линија ја сочинуваат Ерлинг Холанд од Норвешка, Усман Дембеле од Франција и Винисиус од Бразил, кои исто така постигнаа по четири погодоци.
Во одбраната се најдоа Ашраф Хакими на десната бековска позиција, Нуно Мендеш на левата страна, како и стоперите Пау Кубарси и Јан Пол ван Хеке.
Средниот ред го сочинуваат Англичанецот Елиот Андерсон и швајцарското откритие Јохан Манзамби, кои со своите настапи оставија силен впечаток во групната фаза на Светското првенство.
Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот
ВИДЕО | Аргентина лесно се справи со Јордан, Австрија се спаси од пораз против Алжир


