Илустрација - стареење /Фото: Olga Kalacheva / Alamy / Profimedia

Помладите генерации биолошки стареат побрзо од нивните претходници — ова го зголемува ризикот од развој на тумори

Помладите генерации биолошки стареат побрзо од нивните претходници, што би можело да го зголеми ризикот од развој на тумори на порана возраст. Ова го покажа студијата на научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, спроведена врз повеќе од 160.000 луѓе од три генерации.

Истражувањето, предводено од епидемиологот Џин Цао, вклучуваало податоци за повеќе од 154.000 млади возрасни лица од базата на податоци на ОК Биобанк, како и повеќе од 10.000 учесници од Соединетите Американски Држави вклучени во истражувачката програма „Сите ние“ на Националните институти за здравство.

Анализата на специфични биомаркери во крвта покажа дека, луѓето родени во Велика Британија помеѓу 1965 и 1974 година покажуваат поизразено системско стареење во споредба со оние родени помеѓу 1950 и 1954 година.

Сличен модел е забележан и во САД, каде што луѓето родени помеѓу 1990 и 1999 година имаат повисоко ниво на системско стареење во споредба со генерацијата родена помеѓу 1965 и 1969 година.

Според резултатите од студијата, забрзаното стареење кај помладите испитаници е поврзано со осум проценти поголем ризик од развој на тумори на рана возраст, особено рак на белите дробови, гастроинтестиналниот тракт и матката.

Кога учесниците биле поделени во три групи според степенот на системско стареење, беше утврдено дека луѓето со најизразено стареење имаат 15 проценти поголем ризик од развој на рани тумори во споредба со испитаниците со најмалку изразени знаци на стареење.

Научниците, исто така, откриле дека забрзаното стареење на имунолошкиот систем е поврзано со поголем ризик од развој на рак на белите дробови во рана фаза, додека забрзаното стареење на масното ткиво е поврзано со зголемен ризик од развој на рак на дебелото црево во рана фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот