Крај на една долгогодишна љубов — Кортни Кокс и Џони Мекдејд повеќе не се заедно
Актерката Кортни Кокс (62) и музичарот Џони Мекдејд (49) ставија крај на својата врска по повеќе од десет години заедно.
Препорачано
Веста за нивното разделување прв ја објави „Дејли мејл“, а засега ниту претставниците на Кокс, ниту на Мекдејд не ги коментираа наводите.
Парот последен пат беше виден заедно во јавноста во септември минатата година на Ју-ес опен. Неколку месеци претходно, во јули, Кокс јавно му го честиташе роденденот на својот партнер со емотивна објава на Инстаграм.
„Среќен роденден на човекот кој може речиси сè. Те сакам засекогаш“, напиша тогаш актерката.
Двајцата се запознале кон крајот на 2013 година на забава во домот на Кокс. Само девет месеци подоцна се свршиле, но на крајот на 2015 година ја раскинале свршувачката. Следната година повторно се смириле, но никогаш повеќе не се свршиле.

Во април 2024 година, Кокс во поткастот на Мини Драјвер искрено зборуваше за нивното прво разделување, откривајќи дека тоа се случило за време на терапија за парови.
„Раскинавме на терапија. Немав поим дека тоа ќе се случи. Тој раскина со мене уште во првата минута. Бев во шок и си помислив: ‘Што?’. Бевме свршени и бев целосно затечена. Поминав низ огромна болка“, изјави актерката.
Таа додаде дека и Мекдејд во тој период поминувал низ тежок период и дека морал да се заштити себеси.
„Тоа навистина ме научи како функционирам во врските. Сфатив кои работи од детството ме обликувале, каде се моите граници и дека не треба сè да го сфаќам лично. Благодарна сум на тој прекин, бидејќи по повторното смирување нашата врска стана многу постабилна“, изјави Кокс во поткастот.
ФОТО | Кортни Кокс доби ѕвезда на Патеката на славните, пријателките од „Friends“ ѝ дадоа поддршка


