Џеки Апостел и Круз Бекам / Фото: Инстаграм/Џеки Апостел

ФОТО | Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам се сврши? Таа е 9 години постара од него, нејзиниот блескав прстен ги разгоре гласините

Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Круз Бекам, ги поттикна гласините дека се свршил со својата девојка Џеки Апостел.

Шпекулациите започнаа откако 30-годишната Џеки на Инстаграм објави фотографии од натпреварот меѓу Бразил и Шкотска на Светското клупско првенство во Мајами.

На една од фотографиите, 21-годишниот Круз ја бакнува во образ, додека на нејзиниот домал прст јасно се забележува дијамантски прстен.

Фото: Инстаграм/Џеки Апостел

Покрај фотографијата што привлече големо внимание, Џеки кратко напиша: „Едноставно сум среќна што сум тука“.

Иако многумина се убедени дека станува збор за свршенички прстен, семејството Бекам сè уште не се огласило и не ги коментираше овие гласини.

Фото: Инстаграм/Џеки Апостел

Круз Бекам и Џеки Апостел првпат беа видени заедно во јуни 2024 година, а неколку месеци подоцна и јавно ја потврдија врската преку Инстаграм.

На почетокот на овој месец тие ја прославија втората годишнина од нивната врска, разменувајќи емотивни пораки на социјалните мрежи.

Круз тогаш напиша дека Џеки „ја извлекува најдобрата верзија од него“, заблагодарувајќи ѝ се за љубовта и поддршката, додека таа го нарече својата „омилена личност“.

Фото: Инстаграм/Џеки Апостел

Нивната врска претходно беше предмет на бројни коментари поради деветгодишната разлика во возраста. Џеки тогаш им одговори на критичарите, истакнувајќи дека Круз е „љубезен, духовит, зрел, талентиран и лојален“.

Во меѓувреме, музичарката стана голема поддршка на неговата музичка кариера и беше покрај него и за време на европскиот дел од неговата турнеја.

Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Џеки ја има и целосната поддршка од семејството Бекам. Неговата мајка, Викторија Бекам, претходно јавно ѝ упати порака за Денот на вљубените: „Те сакаме.“

ФОТО | Среде семејната драма: Круз Бекам со нова тетоважа и силна порака

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот