Робин Худ - Фото: ICP, incamerastock / Alamy / Profimedia

„Тој не беше херој“ — како беа избришани мрачните и насилни средновековни корени на Робин Худ

Култот за Робин Худ започнал како традиција во 12 век, пред да се претвори во херојски и семеен стереотип. Сепак, најновите филмски и литературни остварувања ја вратќаат неговата мрачна страна, пишува „Би-би-си“.

Кога сценаристот и режисер Мајкл Сарноски започнал со снимање на новиот филм, на актерската екипа и тимот им го покажал филмот што отсекогаш го сакал, анимираниот „Робин Худ“ на „Дизни“ од 1973 година, во кој херојот е лисицата со пердув и зелената капа, која краде од богатите за да им даде на сиромашните.

Таа омилена верзија не може да биде подалеку од „Смртта на Робин Худ“ (The Death of Robin Hood), мрачната и длабока драма на Царноски.

Хју Џекман го глуми Робин кој е побелен и уморен од битки, а кој на крајот од својот живот размислува за сопствената легенда. Кога ќе ја сретне жената со која зборува за доблесниот Робин Худ кој бара правда, тој не открива кој е и зборува за себе во трето лице, велејќи дека Робин не е херој, туку ограбувал и убивал само за чиста забава.

Се испостави дека овој насилен Робин Худ и другите ревизионистички верзии кои се противат на неговиот лик на позитивец се многу поблиску до оригиналните средновековни легенди отколку до семејниот стереотип за кој мислиме денес. Приказот на Робин Худ се менувал низ вековите, а секоја промена ја одразувала ерата што го реинтерпретирала. Овие помрачни варијанти на 21 век гледаат наназад кон почетоците на приказната, но исто така зборуваат и за сегашноста. Комплексните погледи на ликот го предизвикуваат поларизираниот свет во кој хероите и негативците често се прикажуваат строго како добри или лоши.

Кој всушност бил Робин Худ?

Иако има шпекулации за тоа дали воопшто постоел вистински Робин Худ, историчарите главно се согласуваат дека зад ликот не стои ниту едно живо лице, туку само длабоко нееднаквото општество на богати земјопоседници и осиромашени селани кои го инспирирале неговото создавање. Приказните започнале во 12 век, но првите пишани записи пристигнале дури два века подоцна, во балади кои уште тогаш го прикажувале како славна личност.

Во тие први пишани верзии, тој не бил благородниот Сер Робин од Локсли како што го направија подоцнежните писанија, и воопшто не бил благородник, туку обичен, слободен селанец. И додека бил фин со сиромашните, помагањето на нив не било негова главна цел. Негови непријатели биле корумпираното свештенство и благородниците кои ги искористувале своите потчинети.

Робин Худ – Фото: INTERFOTO / Personalities, INTERFOTO / Alamy / Profimedia

Средновековната историчарка Ејми С. Кауфман го опишува Робин Худ од раните легенди како „сомнителен средновековен измамник“ и „насилен, дрзок никаквец“. Главната промена во приказната дошла во 16 век кога кралот Хенри VIII, кој бил голем фан на ликот и делото, се преоблекувал како Робин Худ. Како што повисоките класи го прифатиле, Худ повеќе бил омразен од благородништвото, туку и самиот станал дел од него. Така се родила и сликата на „совесниот благородник кој се бори против своите нечесни рамноправни сограѓани“, и оттогаш ликот на Худ престанува да ја преиспитува структурата на моќта на општеството, а наместо тоа,  „регрутиран“ е да му помогне на добриот крал Ричард, за да се врати на тронот.

Во текот на 19 век, детските книги помогнаа Робин Худ уште повеќе да се претвори во чист, добротворен лик, како би бил прифатлив за Викторијанците. Во 20. век, со подемот на кинематографијата, тој наратив продолжува со Ерол Флин во 1938 година, додека Дизни со својата верзија дефинитивно го зацврсти таквиот имиџот на Худ во културата.

Робин Худ – Фото: ICP, incamerastock / Alamy / Profimedia

Две различни верзии на ист лик

Сарноски вели дека контрастот меѓу филмот на Дизни и оригиналните легенди го фасцинирал уште од детството, кога прочитал верзија на средновековната балада за смртта на Робин Худ. Таму, Робин умира откако е убиен од злобна калуѓерка и нејзиниот љубовник. Во филмот на Сарноски, Робин е повреден за време на графичка битка и е однесен во манастир за да закрепне, каде што Џоди Комер ја игра калуѓерката која, за разлика од баладата, е многу вистински добра личност. Режисерот вели дека не сакал едноставни ликови како зла калуѓерка или добар херој, туку приказна во која Робин жали за своето минато и се соочува со сопствената легенда.

Лажноста на легендите е главна тема и во ревизионистичкиот роман на Кауфман, „Предавникот од Шервудската шума“ (2025). Таа раскажува дека пораснала со лисицата на Дизни, но кога почнала да студира средновековни студии, се запрашала каде исчезнал Робин Худ кој го знаела и го сакала. Нејзиниот Робин не е ниту херој ниту негативец, туку е верен на оригиналните балади каде што тој секогаш има трагичен крај или е жртва на сопствените мани.

Во минатиот век, ваквите комплексни погледи беа ретки и на малите екрани, актерите како Кевин Костнер и Расел Кроу, го следеа стереотипниот имиџ. Еден забележителен исклучок е „Робин и Маријан“ од 1976 година, каде што Шон Конери го игра остарениот Робин, кој исто така негира дека легендарните приказни се вистинити и се прашува за што всушност служеле сите тие убиства кои ги видел во животот.

Ваквите прашања за моќта и хероите ги прават овие ревизионистички погледи многу современи. Денес, социјалните мрежи и интернетот не’ тераат премногу брзо да се делиме во табори и да создаваме херои и негативци, наместо да живееме во зоната каде што всушност постои вистинскиот живот. И покрај тоа што овие нови верзии на Робин Худ се многу моќни, тие веројатно нема да го заменат неговиот класичен имиџ во јавноста, бидејќи луѓето не сакаат нивната фантазија да биде нарушена – Робин Худ стана како Дедо Мраз, симбол кој означува нешто многу поголемо од самата оригинална легенда.

Ова се 10-те најдобри филмови што треба да ги гледате овој јуни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот