Пенелопе Круз/Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Пенелопе Круз откри необично хоби и ги шокираше сите — ова го правам секоја вечер во изминативе 12 години

Шпанската актерка Пенелопе Круз во моментот го промовира својот нов филм „Поканата“ (The Invite) во кој глуми со Оливија Вајлд и Сет Роген, а во текот на неодамнешното интервју што го дала со споменатите колеги за „Њукоркер“, го открила своето необично хоби.

И не, тоа нема никаква врска со индустријата за забава и филмот. Кога не е на снимање или со своето семејство, сака да чита медицинска литература.

На тоа посветува неколку часа секоја вечер. И така 12 години наназад.

Како што признала во интервјуто, сè започнало уште од детството кога редовно се преправала дека работи во болница. Нејзината омилена игра била да ги вакцинира куклите со стари игли што ги земала од својата баба.

Пенелопе признала дека сето тоа можеби звучи малку чудно, но нејзината рана фасцинација со човечкото тело со текот на времето прераснала во посериозно хоби.

– Последните 12 години секоја вечер ја проучувам медицината. Книгите за ендокриниот систем, дебели неколку стотици страници, ме прават неверојатно среќна – рекла Круз.

Кога го раскажала ова, Вајлд била изненадена и ја прашала дали всушност студира медицина, на што Пенелопе одговорила дека тоа е само хоби во кое необјасниво ужива пет до шест дена во неделата, и тоа со часови.

Роген се надоврзал и се пошегувал дека сега е „лекар аматер“.

Признанието на Круз ги охрабрило нејзините колеги да ги споделат своите хобија, па така Роген признал дека ужива во изработката на керамички садови во слободното време, додека Вајлд открила дека страсно собира фигурини и дека поседува и намалена верзија на оригиналниот сет од култната серија „Сајнфелд“.

 

ВИДЕО | Пенелопе Круз се расплака по 16-минутните овации во Кан

ФОТО | Пенелопе Круз блесна во нежен бел фустан инспириран од деведесетите: За изработката биле потребни 254 часа

ФОТО | Бујни деколтеа и високи шлицови: Салма Хајек и Пенелопе Круз покажаа како изгледа сексапилноста во 50-тите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот