ФОТО | Бујни деколтеа и високи шлицови: Салма Хајек и Пенелопе Круз покажаа како изгледа сексапилноста во 50-тите
Актерката Салма Хајек заедно со колешката Пенелопе Круз и моделот Емили Ратајковски блеснаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите на списанието WSJ Innovators 2024.
Препорачано

Гламурозното трио беше забележано во Музејот на модерна уметност во Њујорк, при што Салма се појави во долг, тесен црвен фустан со длабоко деколте што го истакна целиот нејзин раскош.

Пенелопе заслепуваше во сребрено издание, а носеше фустан со смел висок шлиц кој ги истакна нејзините секси нозе.

Емили Ратајковски избра мини фустан со испечатени реченици на ткаенината, што делуваше многу ефикасно на црвениот тепих.

Хаек и Круз на црвениот тепих покажаа дека се многу блиски пријателки, па заедно позираа рака под рака. Во еден момент дури и се држеа за раце додека се смешкаа за камерите.
Нивното пријателство е едно од најдолготрајните во Холивуд и трае повеќе од две децении. Тие се запознале во Лос Анџелес на почетокот на 2000-тите и брзо се зближиле поради нивното заедничко мексиканско и шпанско потекло, како и поради претходните актерски искуства.


