Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Изненадување на Вимблдон: Рубљов елиминиран од 132 играч на светот

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој моментно е рангиран на 13 место во светот, денеска доживеа пораз во првото коло на грен слем турнирот Вимблдон.

Тој загуби од својот сонародник Роман Сафиулин во првото коло со 3:2 во сетови 6:4, 6:7 (6), 3:6, 6:3 и 7:6 (12). Ова е првото големо изненадување во машкиот дел од натпреварувањето.

Сафиулин го доби првиот сет, но Рубљов возврати во тај-брејкот од вториот сет.

Рубљов поведе и со 2:1 во сетови, откако третиот го доби со 6:3, но 132 играч на светот славеше со идентичен резултат во четвртиот сет.

Петтиот последен сет го даде победникот, а истиот заврши во неизвесен тај-брејк во кој подобар беше Сафиулин со 14:12.

Следен ривал на Сафиулин ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп кој 6:3, 6:7 (2), 6:4 и 6:0 го елиминираше Александар Ковачевиќ од САД.

Изненадување направи и Полјакот Хуберт Хуркач кој за два часа и четири минути игра со 6:4, 6:2 и 7:6 (7) триумфираше над 12 играч во светот, Норвежанецот Каспер Руд.

Во второто коло, Хуркач ќе игра со победникот од дуелот меѓу Х. Меѓедовиќ (Србија) и С. Офнер (Австрија).

Поранешен полуфиналист на Вимблдон го заврши настапот во првото коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот