Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Македонската штафета 4х400 метри со нов национален рекорд

На Националното првенство за сениори во атлетика, кое викендов се одржа во Скопје, машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри.

На Националната арена „Тодор Проески3 во Скопје, со време од 3:15.82 минути, македонската штафета го подобри досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди.

Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски, кои со одличен тимски настап поставија нови стандарди во македонската атлетика.

На Националното првенство најдобрите македонски атлетичари и атлетичарки се бореа за титулите државни шампиони како и за исполнување на нормите за претстојните меѓународни натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот