Димитар Митревски назначен за прв човек на ФК Пелистер
Битолската гордост, ФК Пелистер има нов прв човек, откако Oпштина Битола довербата му ја довери на Димитар Митревски, поранешен директор на ракометниот клуб Пелистер.
Препорачано
ФК Пелистер остана без раководство откако раководните луѓе си поднесоа оставка по поразот од Шкендија Арачиново во баражот и испаѓањето на „зелено-белите“ во втората македонска лига.
„ФК Пелистер го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател. По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски. Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал.
Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер. Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб.
Секуловски: Има механизми преку кои ФК Пелистер би можел да остане во Првата лига


