Foto: Drago Sopta/HNS

ВИДЕО | Хрватска во нокаут фазата на Светското првенство, Англија ја совлада Панама

Хрватската фудбалска репрезентација се квалификуваше за нокаут фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Хрватите ја победија Гана со 2:1 во клучен натпревар одигран во Филаделфија завршувајќи втора во групата Л со шест бода.

По првото полувреме избраниците на селекторот Златко Далиќ водеа со погодокот на Сучиќ во 31 минута.

Африканската селекција израмни во 73 минута преку Лукасен, а во 83 минута Хрватска дојде до победата со голот на Влашиќ по асистенцијата на Модриќ.

Гана која веќе од претходно обезбеди пласман во нокаут фазата, заврши како третопласирана со четири бода.

Првото место во групата го освои Англија, која ја победи Панама со 2:0 во вториот натпревар од групата со головите на Белингам во 62 и Кејн во 67 минута од мечот во Њу Џерси.

Хрватите во 1/16 финалето ќе играат со второпласираната репрезентација од групата К, а таму може да се најде Португалија, Колумбија или ДР Конго, а Гана со првопласираната селекција од таа група.

Англичаните, како први на табелата во групата Л, ќе играат против третопласираната репрезентација од групите И, Ј или К, што би можеле да бидат Сенегал, Австрија, Алжир или ДР Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот