Фото: EPA-EFE/Marko Djurica

Францускиот селектор Дидие Дешан испиша историја со нов рекорд

Селекторот на фудбалската репрезентација Франција, Дидие Дешан, стана тренер со најмногу победи во историјата на светските првенства. Французинот го запиша својот 17 триумф на Мундијалите, надминувајќи го рекордот на Хелмут Шен кој имаше 16 победи. Луиз Фелипе Сколари е на третото место со 14.

Дешан, исто така, има импресивна стапка на победи на Светското првенство од 77,3%, што е извонредно достигнување.

Рекордот беше поставен во отсуство на Дешан, односно на 26 јуни, тој не беше на клупата во победата на Франција од 4:1 над Норвешка, откако се врати во Франција по смртта на неговата мајка. Тимот го водеше неговиот помошник Ги Стефан.

Франција се квалификуваше за нокаут фазата на Светското првенство, каде што ќе се соочи со Шведска во 1/16 финалето.

Во меѓувреме, Дешан се врати во Бостон, каде што тренираат неговите репрезентативци, и ќе биде на аут-линијата за натпреварот против Швеѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот