„Целиот живот им докажува на луѓето дека не се во право“ – поранешен соиграч откри каков е Роналдо зад затворени врати
За тоа каков е Кристијано Роналдо кога ќе се изгаснат рефлекторите и кога се наоѓа зад затворените врати на соблекувалната, проговори неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Ники Бат.
Препорачано
Иако во дресот на англискиот гигант делеа соблекувална само една сезона, Португалецот оставил исклучително позитивен впечаток врз него, кој целосно се разликува од сликата што јавноста често ја има за него.
Бат истакнува дека клучниот проблем е во перцепцијата што луѓето ја имаат за него, а не во самиот Роналдо. Поради неговиот статус на мегaѕвезда и милијардер, околината често создава погрешна слика и држи дистанца.
„Тој всушност е многу пријатен и одличен човек. Духовит е и секогаш подготвен за шега во соблекувалната. Луѓето често имаат проблем со него затоа што чувствуваат стравопочит, па се држат воздржано и на дистанца, но Кристијано е всушност одличен соговорник“, изјави култниот играч за The Sun.
Ники Бат се осврна и на критиките што го следат Роналдо кога тимот не игра добро, нагласувајќи дека неговата улога на теренот, исто како и онаа на Лионел Меси, со годините се променила со цел зачувување на енергијата за клучните моменти.
„Тој е навистина добар тимски играч. На терен понекогаш може да изгледа како да стои, но исто е и со Меси – двајцата стигнаа до ниво и години во кои не трчаат многу, туку ја штедат енергијата за постигнување голови. Луѓето велат дека може да биде проблем кога на тимот не му оди добро, но кога имате посед и кога сè функционира, тој е постојана закана. Целиот свој живот, уште од кога бил дете, им докажува на луѓето дека не се во право.“
Португалија и Роналдо по воведните натпревари на Светското првенство се насочуваат кон дуелот против Колумбија, кој директно ќе одлучува за победникот на групата К.


