Аи Огура/Moto Gp

Јапонецот Аи Огура победи во Холандија и испиша историја

Возачот на Трекхаус, Aи Огура, испиша историја на Големата награда на Холандија откако ја забележа својата прва победа во кариерата во кралската класа на Мото ГП. Јапонецот триумфираше на десеттата трка од сезоната, која се возеше на патеката во Асен.

Со овој успех, 25-годишниот Огура стана првиот јапонски возач што се искачил на највисокото место на подиумот во премиер класата по повеќе од 22 години. Последен пред него тоа му успеа на Макото Тамада, кој славеше на Големата награда на Јапонија во 2004 година, а меѓу двата триумфи поминаа точно 7.952 дена.

Огура, кој лани ја освои шампионската титула во Мото2, каде што претходно забележа шест победи, во Асен беше побрз од својот тимски колега Раул Фернандес за осум десетинки од секундата.

Воедно, Трекхаус стигна и до историски успех, бидејќи за првпат во своето постоење оствари двојна победа, освојувајќи ги првите две места на една трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот