Се променија работите, Шпанија веќе не е прв фаворит за титулата на Мундијалот
По завршувањето на групната фаза на Светското првенство и формирањето на двојките за шеснаесетфиналето, ажурирани се и прогнозите за тоа која репрезентација има најголеми шанси да ја освои шампионската титула.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За разлика од пресметките пред почетокот на Мундијалот, кога Шпанија беше главен кандидат за трофејот, сега на врвот на листата се наоѓа Аргентина. Според компјутерските анализи, актуелниот светски шампион има 27 проценти шанси да ја одбрани титулата.
Шпанија е веднаш зад Аргентина со 21 процент, додека Франција е трета со 18,9 проценти. Овие три селекции убедливо се издвојуваат како најсериозни кандидати за светскиот трон.
Во вториот круг фаворити се Англија со осум проценти шанси, Колумбија, која е едно од најпријатните изненадувања на турнирот, со пет проценти, Бразил со 4,2, Холандија со 3,6, Португалија со 2,6, а Германија и Швајцарија имаат по 1,3 проценти шанси за освојување на титулата.
Интересно е што пред стартот на шампионатот прогнозите беа поинакви. На Шпанија тогаш ѝ се даваа 29,6 проценти шанси да стане светски шампион, додека Аргентина имаше 17,1 процент.
Промената на врвот не е резултат само на прикажаните игри во групната фаза, туку и на распоредот во елиминацискиот дел од натпреварувањето, каде што Аргентина има поповолен пат кон завршницата во однос на своите најголеми конкуренти.
Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот
Повторно критики за Роналдо: „Целосно е безопасен пред голот“
Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот
Казна за Уругвајците — ќе се враќаат дома со редовни авионски линии


