Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Калин Ивановски поразен во финалето на турнирот во Загреб

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да стигне до шампионскиот пехар на турнирот од серијата Фјучерс, кој изминатата недела се одржа во Загреб.

По одличните настапи во текот на турнирот, Ивановски во финалето беше поразен од Узбекистанецот Хумојун Султанов, седмиот носител, кој во моментов е повеќе од 500 места подобро рангиран на АТП-листата. Султанов славеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), но македонскиот тенисер одигра рамноправен меч кој траеше еден час и 48 минути.

Во двата сета пресуден беше по еден брејк на узбекистанскиот тенисер. Ивановски имаше одлична можност да го врати резултатот во вториот сет, кога при водство од 4-3 не успеа да реализира брејк-топка. Веќе во следниот гем го загуби својот сервис, со што Султанов го приведе мечот во своја корист.

Иако остана без трофејот, настапот во Загреб е силен показател дека Ивановски се враќа во посакуваната форма. Во текот на турнирот совлада неколку противници кои се значително подобро рангирани од него, што е јасен сигнал дека повторно го фаќа победничкиот ритам по долгата пауза предизвикана од тешката повреда.

Ѓорческа доби распоред за мечот против Анисимова – почнува главниот турнир на Вимблдон, погледнете кога играат и Синер и Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот