Калин Ивановски во финалето на турнирот во Загреб
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на турнирот М25 во Загреб, Хрватска, откако во полуфиналето го победи домашниот натпреварувач Божо Барун со 2:1 во сетови (6:4, 3:6, 6:3) за 150 минути игра.
Препорачано
Ивановски в недела во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2>0 во сетови.
Ивановски ја продолжи серијата добри игри по мечевите за Дејвис куп репрезентацијата на Македонија и настапите на Универзитетот во САД. Тој се избори за своето деветто финале прво по август 2023, но повредите имаа големо влијание при неговите настапи.
Денешниот меч со Барун стартуваше околу 11 часот и 30 минути, но поради топлото време и неповолните временски услови по загревањето тенисерите се повлекоа. Мечот стартуваше нешто по 17.00 часот, а Ивановски во првиот сет со пет брејка имаше еден повеќе (3:2) и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во вториот сет имаше само еден брејк во шестиот гем за Барун, кој сетот го доби со 6:3. Во решавачкиот сет нашиот тенисер одигра буквално подобро и од првиот сет и го доби со 6:3 со брејк во четвртиот гем што му овозможи мирна завршница на мечот.
Првиот носител Олег Приходко загуби од Султанов со 6:3 и 6:1 за 96 минути игра. Во првиот сет Приходко имаше предност од 3:2 во гемови, но противникот успеа да направи мини серија од четири гема и сетот го заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот на Султанов ја продолжи добрата игра и сетот го доби со 6:1 и избори пласман во финалето.


