Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за трката во Австрија

Мерцедес штотуку го потврди она што го видовме на тренингот пред два дена. Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата во квалификациите за неделната трка за Големата награда на Австрија во Формула 1 шампионатот, која започнува во 14.15 часот.

Во многу интересна квалификациска сесија, Кими Антонели беше најбрз до последната трета квалификациска сесија, а потоа направи грешка и заврши четврти.

Макс Верстапен излета од патеката во кривина и се удри во оградата (но ќе стартува петти), жолтото знаме беше подигнато пред Џорџ Расел да го помине тоа место и да заврши со најбрзо време за пол-позиција (1:06.113).

Се чекаше одлуката на судиите, но тие проценија дека сè е чисто, бидејќи возачот на Мерцедес беше во тој сектор откако беше спуштено првото жолто знаме, па затоа не направи прекршок.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер (+0,236) и Луис Хамилтон (+0,295) ќе стартуваат пред Антонели (+0,331), по што ќе следат двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, потоа Исак Хајар од Ред Бул и двајцата возачи на Рејсинг Булс, Лиам Лосон и Асвид Линдблад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот