фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Познат датумот за премиерата на документарецот посветен на животот на Ѓоковиќ

Документарниот филм за Новак Ѓоковиќ, насловен „The Wolf in Winter“, премиерно ќе биде прикажан на 20 август на платформата „Амазон прајм“.

Станува збор за продукција на „Words + Pictures“ i „Sadoux Productions“, во режија на добитникот на наградата Еми, Џејсон Нахир, кој е познат и како еден од авторите на документарната серија „Последниот танц“, посветена на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Во најавата за филмот се наведува дека гледачите ќе добијат досега невиден увид во животот на најтрофејниот тенисер во историјата, прикажувајќи го како сложена и контроверзна личност која ги надминала сите прогнози за да стигне до самиот врв на светскиот тенис.

„Тенисот ми даде многу, но најголемите битки не се водеа само на теренот. Овој документарец зборува за моментите што луѓето не можеа да ги видат, сомнежите, жртвите и напорната работа што стојат зад приказната за која многумина мислат дека ја знаат“, вели Ѓоковиќ.

Српскиот ас додава дека е горд што може да ја сподели оваа страна од својот живот со семејството, тимот, пријателите и навивачите кои биле покрај него во текот на кариерата.

„Во „Амазон прајм“ и Џејсон Нахир ја препознаа суштината на оваа приказна. Таа никогаш не беше само за тенисот, туку и за луѓето и вредностите што стојат зад успесите. Патувањето беше неверојатно, но сè уште не е завршено“, порача Ѓоковиќ.

Во најавата за филмот се потсетува дека Ѓоковиќ е роден во Србија за време на воениот период и дека детството го минал во тешки финансиски услови, поради што неговото семејство морало да направи бројни жртви за да ја поддржи неговата кариера.

Ждреб за Вимблдон: Ѓоковиќ стартува против кинески тенисер, можен е дуел со Синер пред финалето

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот