ФОТО | Горд татко — Јован Јованов сподели убави вести за ќерката од Канада
Јован Јованов сподели убав семеен момент со своите следбеници на социјалните мрежи поврзан со ќерка му Малеа.
Препорачано
Тој објави фотографии од свеченоста по повод полуматурата на неговата ќерка, која живее и се школува во Канада каде што Јованов се пресели пред повеќе од 10 години.
Јован гордо покажа дека неговата ќерка успешно завршува едно важно поглавје од образованието и чекори кон нови предизвици. На фотографиите Малеа блеска со насмевка и елегантен изглед, додека покрај неа е гордиот татко.
Јованов до скоро беше во Македонија, по повод заедничкиот концерт кој го одржа со Елвир Мекиќ и пријателите на 6 јуни во Арената „Борис Трајковски“.
Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“, Јованов отворено зборуваше за музиката и за разводот со поранешната сопруга Николина и нивниот денешен однос како и животот во Канада.
„Животот во Канада е доста поорганизиран и мирен. Кога не сум во студио, најмногу време поминувам со ќерка ми. Искрено таму сум многу со смирен, а во Македонија 300 на саат. Ќерка ми расте многу брзо и наскоро ќе наврши 14 години. Има чувство за ритам и музика, но не верувам дека музиката би ѝ била професија, а јас никогаш не би сакал да ѝ го наметнувам тоа. Сепак е нејзин избор. Најважно ми е да биде среќна и исполнета“, рече Јованов за ќерката.
„Со Николина имаме коректен и зрел однос. Кога има дете, мора да постои почит и комуникација без разлика на сè. Заедничкото работење функционира затоа што и двајцата сме професионалци и знаеме да ги одделиме приватните работи од обврските. Мислам дека пријателство и бизнис можат да опстанат и по крај на бракот ако постои зрелост и заемна почит“, рече Јованов за поранешната сопруга.
Заеднички, тие се сопственици на студио за фотосесии и снимање видеоспотови.


