Го игнорира Дејвид Бекам, а го нарекува „најдобар“ таткото на сопругата – Бруклин го заострува семејниот раскол
Бруклин Пелц Бекам јавно му го честиташе роденденот на својот тест, милијардерот Нелсон Пелц, нарекувајќи го „најдобриот“, во период кога неговиот конфликт со родителите, Дејвид и Викторија Бекам, сè уште е актуелна тема.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дваесет и седумгодишниот Бруклин веќе подолго време не се појавува јавно со својот татко, фудбалската легенда Дејвид Бекам, и мајка му, поранешната членка на „Спајс грлс“, Викторија Бекам. Исто така, не ги спомнува ниту на социјалните мрежи по објавата што ја сподели во јануари, а која предизвика големо внимание.
Неговото молчење беше особено забележливо кога Дејвид и Викторија објавија семејни фотографии за Денот на таткото, на кои беше и Бруклин, но тој не реагираше на објавата.
Во четвртокот, пак, на Инстаграм му го честиташе роденденот на својот тест, објавувајќи заедничка фотографија од прослава.
„Среќен роденден, Нелсон. Те сакам многу. Пресреќен сум што денеска можев да славам со тебе! Ти благодарам што си најдобриот тест“, напиша Бруклин.

Да потсетиме, Бруклин се ожени со манекенката Никола Пелц, ќерката на Нелсон Пелц, во 2022 година.
На почетокот од годинава тој објави повеќестранично соопштение во кое тврдеше дека неговите родители „неуморно се обидувале да ја уништат неговата врска уште пред свадбата и дека тоа не престанало“. Тој исто така наведе дека неговата сопруга била „непочитувана“ од неговото семејство и ги обвини родителите дека манипулираат со медиумските приказни и дека предност ѝ даваат на „брендот Бекам“ пред семејните односи.
Викторија Бекам неодамна за првпат јавно се осврна на семејниот раздор во интервју за „Волстрит журнал“, велејќи дека таа и Дејвид „неизмерно ги сакаат своите деца“ и дека „секогаш се труделе да бидат најдобри родители“.


