Германската фитнес-инфлуенсерка Еда Елиса Пилз/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | „Ми рекоа дека сум гола“ — „Луфтханза“ ѝ забрани на инфлуенсерка да се качи во авион поради облеката 

Еда Елиса Пилз, германска фитнес-инфлуенсерка и ријалити ѕвезда, се најде во центарот на вниманието откако, како што тврди, персоналот на авиокомпанијата „Луфтханза“ ѝ забранил да се качи во авион поради облеката за која рекле дека премногу открива. Во видеото објавено на Инстаграм таа го сподели своето фрустрирачко искуство, кое предизвика жестока дебата за правилата за облекување и границите на личната слобода во воздушниот сообраќај.

„Ми рекоа дека немам ништо на себе“

Пилз, која ја следат повеќе од 550.000 луѓе на Инстаграм, во емотивното видео снимено на аеродромот детално ја опишува непријатната средба со вработена во „Луфтханза“. Облечена во спортски градник и кратки црни хеланки, таа тврди дека на влезот во авионот ѝ било кажано дека не може да влезе затоа што е „гола“ и „нема ништо на себе“.

„Надвор е 30 степени“, повторува инфлуенсерката во видеото, изразувајќи неверица и шок од ситуацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edda (@edda.elisa)

Според нејзините зборови, дури и откако го послушала упатството и облекла бел дуксер со качулка, вработена инсистирала и да го закопча, а потоа наводно ја обвинила дека го одложила целиот лет. Пилз, позната и по учеството во германски ријалити шоуа како што е „Ex on the Beach“ и како победничка на популарното шоу „Das Sommerhaus der Stars“ во 2025 година, јавно ја прозва авиокомпанијата и побара објаснување, нагласувајќи дека никогаш порано не слушнала за таков кодекс на облекување.

Поделени реакции и нејасни правила

Иако инфлуенсерката очигледно очекувала поддршка од своите следбеници, под нејзината објава следувало лавина од коментари кои повеќето биле на страната на авиокомпанијата. Многумина сметале дека нејзината облека е непримерна за јавниот превоз, без оглед на надворешната температура.

„Спортската облека припаѓа во теретана или на плажа, а не вп авион“, „Во ресторани не одиш во бикини, па затоа ниту во авионот не се оди во спортски градник“, се само дел од коментарите.

Корисниците ги истакнале и хигиенските и безбедносните причини.

„Седиштата не се чистат по секој лет. Лесно можете да добиете некоја инфекција на кожата“, напишал еден корисник, додека личност која се претставила како стјуардеса предупредила за практичен проблем: „Ако мора итно да се евакуирате и да се спуштите низ тобоган, во таква облека ќе добиете сериозни изгореници на нозете. Безбедноста е на прво место.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edda (@edda.elisa)


„Луфтханза“ се огласи за „ЛАДбајбл“ во кое се наведува дека наводниот речник на вработената „не одговара на нивните стандарди“, но истовремено нагласија дека очекуваат патниците да носат облека што е „примерна на природата на јавното патување и не влијае негативно врз благосостојбата на другите патници од различно културно потекло“.

Од авиокомпанијата потврдија дека нивните општи услови за превоз им даваат на вработените дискреционо право во такви ситуации. Овој случај не е изолиран. Некои американски авиокомпании веќе почнаа да воведуваат построги кодекси, забранувајќи дури и тренирки, што покажува дека границите на она што се смета за соодветно стануваат сè појасно дефинирани.

Инфлуенсерка во Дубаи ги снимала ракетите, па ја разбесни јавноста со една реченица

Британска инфлуенсерка фатално избоде маж во Дубаи, ѝ се заканува смртна казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот