ФОТО | Базен и многу зеленило — Маја Панчева го покажа убавиот дом
Маја Гроздановска-Панчева покажа како изгледа нејзиниот убав среден двор, и објави видео како плива во домашниот базен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пејачката и фудбалската легенда Дарко Панчев, со години важат за синоним за семејна хармонија. Иако ретко ги отвораат вратите на својата приватност, секоја нова фотографија или видео од нивниот дом предизвикува интерес во јавноста.
Овојпат, Маја на социјалните мрежи изненади со редок момент од нивниот приватен рај, каде што семејството ги поминува топлите летни денови.

Како што може да се забележи на видеото, семејната куќа на Панчеви е вистинска летна резиденција. Во дворот доминира базен во кој семејството се разладува.
Куќата е опкружена со високи дрвја, густо зеленило и уредна околина. Маја не одолеа на топлото време, па сподели кратко видео на кое ужива пливајќи во приватниот базен. Под оваа објава, таа едноставно напиша „Конечно“, алудирајќи на тоа дека по сите секојдневни обврски, конечно дошло време за заслужен одмор и уживање во домашниот амбиент.

Зад затворените врати на овој прекрасен дом, покрај Дарко и Маја, живеат нивните две ќерки, Марија и Надица со кои Маја претходно сподели слика. Тие веќе се израснати во вистински убавици кои чекорат по својот пат, а нивните родители често истакнуваат дека токму тие се нивниот најголем успех и гордост во животот.
На 25 мај, Маја Гроздановска-Панчева го прослави својот 52. роденден. Нејзината ќерка Марија Панчева преку инстаграм-приказна сподели момент од прославата, на кој Маја насмеана седи пред десерт со свеќичка, во опуштена атмосфера.
Инаку, Маја Гроздановска-Панчева со децении е дел од македонската музичка сцена и важи за една од најпрепознатливите пејачки, а покрај музиката, често привлекува внимание и со својот младешки изглед. Панчева внимава на своето здравје, па последниве месеци често објавува фотографии од сала, како рано наутро вежба пилатес.
Маја ги испеа хитовите „Мачка со девет животи“, „Сеедно не ми е“, „Нова планета“, „Ноќи без крај“, „Барбика“ и други, познати и по интересните видеоспотови. Таа долги години е вработена во хорот на Национална опера и балет.


