Зендаја во Париз / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Пристигна на црвениот тепих облечена само во маица од 35 долари – Зендаја повторно воодушеви со модниот избор

Ѕвездите на „Спајдермен: Сосема нов ден“, Зендаја и Том Холанд, ги привлекоа вниманието на специјален настан за обожаватели во Париз.

Додека француската престолнина е погодена од историски топлотен бран, модата на црвениот тепих не беше помалку впечатлива. Славниот пар во Париз е појави за промоцијата на својот нов филм.  Зендаја за таа пригода избра навидум едноставна маица, додека Том се одлучи за слоевита комбинација, пишува „Хелоу“.

Том не се откажа од впечатливиот изглед, и покрај високите температури. Носеше црвено палто, бела кошула и тесна светло розова маица, а ја комплетираше со црни панталони  и сјајни црвени кожни чевли, држејќи се до палетата на бои карактеристична за Спајдермен.

Фото: Lionel Guericolas / Starface / imago stock&people / Profimedia

Зендаја, од друга страна, се одлучи за многу полежерен и соодветен стил поради топлото време. Таа се појави во преголема црна маица со избледен црвен мотив на Спајдермен. Нејзиниот стилист Ло Роуч подоцна откри дека маицата ја нашол на „Ибеј“ за само 35 долари.

Секако, модната икона не се задржа само на маицата. Таа ја воздигна модната комбинација со гламурозни детали: висечки дијамантски обетки, бели потпетици од „Лубутин“ и впечатлив прстен. Изгледот беше заокружен со кратка коса стилизирана во лесни бранови и шминка достојна за црвен тепих.

ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот