Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за улогите на Лефти и Рајти во новиот анимиран филм
Актерите Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе видат гласовите на Лефти и Рајти во анимираниот краток филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“.
Препорачано
Јованова во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови.
– Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации – изјави Јелена.
– Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50 проценти ќе ми се исполнат набрзо – додава Гораст, кој има дијапазон од ангажмани од театар, филм, видео игрици и сега е на ред анимиран детски филм.
„Лефти и Рајти“ е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на „зАнимација продукција“, а во копродукција на „Minya Film i Animacija“ од Хрватска. Приказната и ликовите се според сликовниците Лефти и Рајти, на Наташа Дукоска, која е и сценарист. Поддржан е од Агенција за филм, и од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).
Во анимираниот филм се работи за детските облеки кои имаат свој животен век, имаат свој дом, имаат свој човек. Главни ликови се Лефти и Рајти кои живеат во продавница за детска облека и чекаат некое дете да ги купи и да ги вдоми. Лефти е бела блузичка за девојчиња со три копченца и вез на предната страна, сина јака, мала етикета и упатство за одржување од внатре. Рајти пак, е зелените панталони со платка. Може да го носат и момчиња и девојчиња. Најважно за Рајти е дека е секогаш позитивен и полн со забавни идеи.
Инаку, „Лефти и Рајти“ е внимателно развиван детски бренд, кој веќе има свое присуство преку сликовници и театар, како и докажана врска со најмладата публика (три издадени сликовници, над 20 театарски изведби, над 20 интерактивни и едукативни работилници).


