Славниот диригент Сер Џон Елиот Гардинер/Фото: Jonas Walzberg / AFP / Profimedia

Скандал на фестивал — славен диригент ја шокираше публиката, сексуално нападна жена на сцената

Познатиот британски диригент Сер Џон Елиот Гардинер (83) наводно сексуално вознемирувал вработена на фестивалот на сцената на Баховиот фестивал во Лајпциг, пишува германски „Билд“.

Непријатна сцена се случила на 16 јуни во црквата „Свети Тома“ во Лајпциг. Видеоснимката која ја направила една личност од публиката го забележала она што се случило таа вечер.

Гардинер штотуку го завршил концертот и се свртел кон својот ансамбл Хорот и оркестарот „Констелејшн“, кога му пришла вработена на фестивалот.

Членката на персоналот, облечена во официјална маица со натпис „Бах – ние сме семејство“, му пришла на познатиот диригент за да му го врачи вообичаениот знак на благодарност – свиткано парче хартија со запис со ноти од Бах и мало пакетче семиња залепено од внатрешната страна.

Гардинер го зел парчето хартија, застанал, а потоа ја повлекол жената за маицата и, како што изгледа, се обидел да ја турне хартијата под нејзината маица. Пред да падне парчето хартија, таа ја зела и продолжила да ја работи својата работа.

Следниот ден таа зела боледување, а потоа го пријавила диригентот за сексуален напад.

Директорот на Баховиот фестивал, Мајкл Маул (48), изјавил за „Билд“:

„Ова однесување беше непримерно и многу ми е жал поради тоа.“

Откако се проширила веста за инцидентот, Маул организирал состанок помеѓу вработената и Гардинер, кој, според наводите, сакал да ѝ се извини.

Вработената не отишла сама во хотелот „Штајгенбергер“, каде што престојувал Гардинер, туку во придружба на две доверливи лица. Маул, исто така, присуствувал на состанокот.

„Гардинер навистина изгледаше искрено покајнички“, рекол тој.

Во писмена изјава Гардинер рекол дека е длабоко потресен поради она, како што го опишал, „несреќно недоразбирање“.

Тој изјавил дека „само се обидувал да го врати свитканото парче хартија“. Бидејќи двете раце на вработената биле зафатени, накратко ја ставил хартијата под нејзината јака, тврди тој.

Тоа, вели тој, се случило „во момент на вистинска збунетост“, бидејќи контактот го изненадил. Музичарот ги негирал обвинувањата за сексуален напад.

Гардинер и претходно имал инциденти поврзани со физичко насилство. Во август 2023 година тој се најде во центарот на вниманието откако на една пејачка во Франција ѝ удрил шлаканица, поради што подоцна одел на терапија за контрола на насилните импулси.

На концертните сцени се вратил дури во 2024 година со нов ансамбл.

Норвешкото обвинителство бара седум години затвор за синот на принцезата, обвинет за силување

Расел Бренд се изјасни за невин по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот