Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска/Фото: МФ

Ако во трезорот има пари, ќе се плати – Димитриеска Кочоска го објасни доцнењето на парите за Вториот пензиски столб

„Не ви е јасна функцијата на трезорот. Не знаете дека трезорот работи како шалтерски работник. Ако има пари ќе плати“.

Вака му одговори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на пратеникот Јован Митрески на пратеничко прашање зошто Министерството за финансии навремено не префрлило околу 42 милиони евра во Вториот пензиски столб.

Пратеникот од редовите на СДСМ, прашањето го постави по објавениот извештај од Државниот завод за ревизија во кој пишува: „Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва“.
Сепак, министерката рече дека ова прашање не треба се адресира на Министерството за финансии.

-Прашајте го за ова директорот на Фондот за ПИОМ. Ако одговорното лице прати повеќе налози, ние прашуваме кои се приоритетни. За периодот за кои зборувате, ни било кажано налозите за здравственото осигурување – рече министерката.

Таа појасни дека буџетот во исто време не се полни.

-Забелешките на Државниот ревизор не се за Министерството за финансии. Вториот столб е испланиран комплетно во буџетот – колку што треба да се исплати-рече Димитриеска-Кочоска.

Митрески побара во ребалансот да се внесат средствата за двата месеци што постојано заостануваат и еднаш да се затвори тоа прашање.
Ова се пари на лична сметка на идните вработени, а задоцнувањето значи губење на принос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот