Канада ќе стане првиот домаќин на еден Мундијал кој нема да игра на свој терен
И покрај поразот од Швајцарија со 2-1 во последното коло од групната фаза, репрезентацијата на Канада успеа да обезбеди место во нокаут-фазата на Светското првенство. Сепак, покрај пласманот меѓу најдобрите, Канаѓаните станаа дел и од еден несекојдневен историски момент на Мундијалите.
Препорачано
Избраниците на Џеси Марш групната фаза ја завршија на второто место, што значи дека во осминафиналето нема да имаат можност да настапат пред своите навивачи. Наместо натпревар на домашен терен, Канада сели во САД, каде што на стадионот „Софи“ ќе се соочи со селекцијата на Јужна Африка.
Со тоа, Канада ќе стане првата земја-домаќин во историјата на Светските првенства што ќе одигра елиминациски натпревар надвор од својата територија.
Незадоволството од ваквиот распоред не го сокри ниту селекторот Џеси Марш, додека канадскиот новинар Кристијан Џек јавно ја критикуваше ФИФА за организацијата.
„Во Канада се играат натпревари од осминафиналето и оваа ситуација можеше лесно да се избегне. Кога сте еден од домаќините на турнирот, требаше да се најде решение Канада да продолжи да игра во Торонто или Ванкувер“, порача Џек.
Во недела можеме да бидеме сведоци на најголемиот мундијалски срам во историјата


