Фото: Принтскрин / Икс / @cristiancrespoj

ВИДЕО | Емотивен момент — постар пар силно се прегрна додека земјата се тресеше во Венецуела

Синоќа Венецуела беше погодена од два разорни земјотреси во интервал од само неколку секунди.

Застрашувачки снимки од земјотресите се проширија на социјалните мрежи, а многумина беа особено емотивни поради онаа на која се гледа постар пар како го доживува овој страшен момент.

Видеото прикажува маж и жена како седaт во својот дом пред да започне земјотресот. Потоа, кога земјотресот веќе се чувствува, мажот станува и цврсто ги држи рацете на сопругата, додека тресењето не стивне.

„Никогаш не ја остави сама“; „Колку луѓе како нив немале толку среќа, навистина ме трогнува“; „Ми се крши срцето кога го гледам тој постар пар сам, сè е толку тажно“; „Бог да ги благослови, секогаш се заедно и се грижат еден за друг“; „Боже, оваа сцена е толку моќна. Среќници што се имаат еден со друг, нека ги чува Бог“, пишува луѓето во коментарите.

Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,2 степени, а вториот 7,5. Ова беа меѓу најсилните земјотреси што ја погодиле Венецуела во повеќе од еден век.

По двата силни земјотреси засега се регистрирани 164 загинати луѓе, додека 971 е повреден, но црниот биланс најверојатно ќе расте, бидејќи државни служби и доброволци сѐ уште трагаат и извлекуваат тела од урнатите згради.

ВИДЕО | Катастрофален земјотрес во Венецуела — се стравува дека 100.000 луѓе загинале, Трамп вети хуманитарна помош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот